Модриќ нема да игра на „Ел Класико“

17

Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ се повреди за време на настап за хрватската репрезентација. Според Марка, 34-годишниот фудбалер има проблеми со мускулите, поради што ќе пропушти натпревари против Мајорка, Галатасарај и Барселона.

За потсетување, „Ел Класико“ ќе се одржи во 10. коло од Шпанското првенство на 26 октомври на „Камп Ноу“.