МОН најавува нов образовен концепт со спојување на повеќе предмети

8

Две недели пред крајот на првото полугодие многу ученици и понатаму се надвор од наставата преку интернет поради различни причини. Другите наставата ја следат без книги или со учебници кои се оштетени. Има ученици кои минуваат километри пеш затоа што немаат училишта во нивните населени места. Тоа е реалната слика во образованието. Но, министерката Мила Царовска во презентацијата на нејзиното работење во првите 100 дена од новата Влада немаше никакви забелешки за ресорот што го води. Се пофали дека било создадено достапно образование за сите во услови на пандемија. Во оваа пригода, Царовска најави големи промени во основното образование. Меѓу другото, реформите предвидуваат помалку предмети, повеќе истражувања и анализи, изборни предмети и вон-наставни активности.