МПЦ бара да не се палат коледарски огнови – не било христијански

9

 

Скопје, како и дел од другите градови низ Македонија, се соочуваат со енормно високо загадување на воздухот, а пред палењето на коледарските огнови пристигна апел и од Македонската православна црква (МПЦ).

МПЦ апелира до граѓаните годинава да не се палат огнови затоа што не било во склад со христијанството и традицијата.

Исто така, од МПЦ апелираат да не се пушта гласно непристојна музика и да не се конзумира алкохол.