Музичарите и угостителите на протест пред Владата | ФОТО

27

Со силно озвучување, естрадата и угостителите протестираат пред Владата. Бараат да им се овозможи да можат да работат согласно протоколи.

Оваа индустрија вработува 35.000 лица и е пред колапс заради пандемијата.

Претставникот на ноќните клубови вели дека овие објекти воопшто не работат од март кога беа затворени со владина уредба. Бараат државата да им обезбеди неповратна помош во вид на грантови и да донесе протоколи според кои полека ќе почнат да работат.

Барале средба со претставници на Владата, но досега не добиле одговор.