Му се гледа крајот на постот: Познат датумот кога екипите од Серија ќе почнат со тренинзи!

Екипите од фудбалската серија ќе добијат дозвола да почнат со индивидуални тренинзи веќе од следниот понеделник (4 мај), додека колективната работа ќе може да почне веќе на 18 мај, велат италијанските медиуми, откако премиерот на оваа земја, Џузепе Конти, ги соопшти првите чекори за олабавување на строгиот режим поради исклучително тешката ситуација со коронавирусот.

14

Клубовите се надеваат дека сезоната би можела да продолжи на крајот од мај или почетокот од јуни и би завршила до средината на август. Засега нема официјални коментари од Серија А за конкретни датуми, но јасно дека сето ова ќе може да се оствари откако прво ќе биде направено тестирање на играчите и на помошниот перосонал. Веќе е изработен и медицинскиот протокол за тоа како би се одвивала процедурата за враќање на тренинзите.

Италијанското првенство е во прекин од 9.март, до крајот од сезоната има уште 12 кола, а Јувентус е водечки на табелата со еден бод предност во однос на второпласираниот Лацио.