Над 500 лица казнети изминатото деноноќие за неносење на маска

4

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие (02/03.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 502 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Во земјава вчера беа регистрирани 145 нови случаи на коронавирус, додека две лица починаа, а 216 беа излекувани.