НАСА откри: Месечината е полна со дупки со скриена вода

15

Тоа е одлична вест за плановите на американската вселенска агенција која сака да испрати астронаути назад на Месечината и таму да постави постојана база. Водата е клучна за новата ера на истражување на Вселената.

Сината боја на оваа графика на НАСА ги прикажува потенцијалните области со молекули на вода и хидроксил на Месечината

Месечината е полна со дупки со скриена вода, откриле истражувачите на НАСА. Ова е одлична вест за плановите на американската вселенска агенција да испрати астронаути назад на Месечината преку програма и да постави постојана база таму, со цел да се користи како ресурс за време на претстојните мисии – како враќање на луѓето на Месечината преку програмата Артемис на НАСА. Овие амбиции се потпираат на можноста за ископување вода на Месечината и потоа одвојување на водата во кислород и водородни соединенија за производство на ракетно гориво. Со оглед на тоа дека е многу скапо и бара да се лансира доволно гориво од Земјата за астронаутите да стигнат до Марс, водата на Месечината веројатно ќе биде клучна во започнувањето на новата ера на истражување на вселената.

„Почнувате да работите во станици за вселенски горива, а потоа станувате помалку зависни од земањето на целото гориво со вас од Земјата“, изјави за „Бизнис инсајдер“ Анхел Абуд-Мадрид, директор на Центарот за вселенски ресурси во Колорадо, додавајќи дека ова е најголемата пречка за луѓето во вселенското истражување.