Наскоро започнува со работа сопствената кујна во Домот за стари лица во Берово

0

Корисниците на услугите на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки” во Берово ќе добијат сопствена кујна. По целосната изградба и опремување, наскоро новореконструираниот објект во Берово ќе понуди нова услуга за корисниците, информираа од беровската згрижувачка установа.

– Сметаме дека преку обезбедување на сопствен оброк за корисниците, во домот за стари лица, ќе се подобрат услугите во установата, корисниците ќе бидат задоволни. Воедно ќе се овозможат дополнителни работни места, а се надеваме и дополнителни социјални услуги, информираа од Старскиот дом во Берово.

Домот за стари лица во Берово е единствената установа од ваков тип во источниот регион и унапредувањето на услугите во установата, како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, е од големо значење за населението од целиот источен  регион.

– Во установата, исто така, во тек се активности за реконструкција на четвртата ламела, со што континуирано работиме на унапредување на услугите кои се нудат и зголемување на капацитетите за корисниците, рече Пекевски.

Во Домот за стари лица освен од Берово се згрижени и стари лица од повеќе градови во Источниот регион.