Наскоро iPhone смартфони без приклучок за полнач

42

Компанијата Apple наскоро ќе ги пушта во продажба своите смартфони без приклучок за полнач, што значи дека може да се очекува дека полначите за телефони ќе бидат исфрлени од употреба во наредните две генерации.

Овие најнови информации за иднината на iPhone ги сподели аналитичарот Минг-Чи Куо кој смета дека првите вакви модели ќе ги видиме во 2020, а ќе почнат да се продаваат во 2021 годинa.
Овие новитети може да ги очекуваме кај најскапите модели во понудата на iPhone, а потполно безжичниот модел би бил вистинска авангарда во IT светот и потег што ќе ја издвои Apple од конкуренцијата.

Потсетуваме дека Apple веќе ги укина приклучоците за слушалки кај некои од своите нови модели на iPhone.