На актерот Алек Болдвин ќе му се суди за „убиство од небрежност“ – кривично дело со казна затвор од 18 месеци до 5 години

6

Актерот Алек Болдвин ќе се соочи со обвинение за ненамерно убиство во фаталното пукање на директорката на фотографија Халина Хачинс која беше убиена во Ново Мексико за време на филмски сет на филмот „Раст“.  Окружниот обвинител во Санта Фе, сепак одлучил на Болдвин да му се суди за убиство од небрежност, наведувајќи го „криминалното непочитување на безбедноста“.

Со истото обвинение ќе се соочи и Хана Гутиерез-Рид, која била задолжена за надгледување на оружјето за филмот кој се снимаше во 2021 година. Таа го наполнила пиштолот, но се уште не е утврдено како на филмскиот сет се појавиле вистински куршуми, меѓу купот лажни. Помошникот режисер му го дал пиштолот на Болдвин, за да ја сними сцената. Болдвин во повеќе наврати тврдеше дека не пукал, туку само го повлекол осигурувачот и го пуштил пиштолот, по што тој сам испукал.

Ранет беше и режисерот, но обвинителите соопштија дека нема да бидат покренати обвиненија во врска со тоа. Истрагата траеше 15 месеци, но не е соопштено како на филсмкиот сет се нашла и боева муниција.

Обвиненијата против Болдвин и Рид ќе бидат поднесени до крајот на месецот. Обвинението е кривично дело од четврти степен, казниво со затвор до 18 месеци и парична казна од 5 000 долари според законот во Ново Мексико. Обвиненијата, исто така, вклучуваат одредба што може да резултира со задолжителна петгодишна затворска казна бидејќи делото е извршено со пиштол.