На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници

3

 

Од утрово од 6 часот граничниот премин Ново Село, на македонско-бугарската граница, го преминаа 10-ина автомобили, најголем дел од нив се упатуваат кон Струмица каде денеска е пазарен ден и во блиските населени места до границата.

Според евиденцијата од ГП Ново Село, синоќа до 24 часот границата ја преминале вкупно 593 патници, од кои 327 се странци, а 266 домашни.

На преминот е забележливо засилено полициско обезбедување, а сите возила кои влегуваат се евидентираат и се претресуваат.

Според изјавите на бугарски граѓани, денешниот ден го искористиле за посета на пазарот во Струмица, а некои пак одеа и по стоматолошки услуги.

-Одам во Струмица на стоматолог, бидејќи имам закажано. Имам поголема рана во устата и денес треба да одам на интервенција, рече бугарска државјанка од Петрич.

Други двајца Бугари на прашањето дали ќе одат за Скопје и каков е нивниот став за одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, изјавија дека нив тоа не ги интересира, дека тие се земјоделци и дека во Струмица доаѓаат по работа.

Инаку, до 9 часот и 30 минути нема поголема фреквенција на моторни возила и патници, а пограничните служби велат дека така ќе остане и до крајот на денот.