На Скопскиот аеродром откажани два лета поради маглата

7

 

Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Очекуваат, како што велат, подобрување на временските услови после 12 часот напладне.

За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваат патниците да ја следат веб-страницата http://www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време,

За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”.

Авиосообраќајот од Меѓународниот аеродром во Скопје веќе неколку дена се одвива отежнато поради маглата во скопската котлина, а дел од летовите беа откажани, пренасочени или одложени.

Според пладневниот извештај на АМСМ, намалена видливост од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50  до 60 метри на делниците Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.