Нехамер: Путин рече дека испораката на гас ќе биде по договор, а плаќањето во евра

1

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на нивната средба претходно оваа недела во Москва, му рекол дека испораката на руски гас за Австрија е безбедна и дека земјата може да продолжи со плаќањата во евра, соопштија денеска локалните власти.

Нехамер се состана со Путин претходно оваа недела и досега не спомна разговори за безбедноста на испораките на руски гас за Австрија.

Австрија добивала 80 отсто од природниот гас од Русија и е против воведување нафтено ембарго бидејќи смета дека тоа засега не е можно, пренесува Ројтерс.

– Путин рече дека испораката на гас е безбедна, дека Москва ќе ги испорача количините договорени во договорот и дека исплатата може да продолжи во евра – изјави Нехамер за австриската новинска агенција „АПА“.