Нејмар одбил нов договор со ПСЖ, Бразилецот очајно посакува да се врати во Шпанија

37

Се шпекулира дека одредена клаузула во договорот со ПСЖ би ја олеснила операцијата за враќање на Бразилецот во Шпанија, тој подолг период се поврзува со враќање во Барселона, но, како опција се појавува и Реал Мадрид.

Нејмар отфрла било каква можност за ставање на потпис на нов договор со францускиот првак ПСЖ, откако каталонски „Спорт“ денеска извести дека Бразилецот веќе го одбил новиот договор понуден од клубот кој имал важност на три години.

Бразилската ѕвезда подолг период се поврзуваше со враќање во тимот на Барселона, од каде направи трансфер во ПСЖ, меѓутоа, интерес опција беше и Реал Мадрид, а од поодамна се шпекулира дека тој не е среќен во француската престолнина.

Актуелниот важечки договор на Нејмар со ПСЖ истекува во 2022. година, а во францускиот шампион подготвиле понуда до Бразилецот за продолжување на соработката до 2025. година, меѓутоа веројатно е дека самиот Нејмар сака да се врати во Шпанија.

Во текот на вчерашниот ден низ одредени медиуми осамна шпекулацијата дека Нејмар би можел да издвои 20 милиони фунти од сопствениот џеб за сензационално враќање во Барселона идното лето.

„Спорт“ известува дека враќање во Шпанија е ‘реална можност’, со тоа што Бразилецот и самиот ќе учествува во таквата операција, меѓутоа во јавноста останува дилемата секако колку Реал Мадрид би можел да и парира на Барселона во обидот да дојде до потписот на Нејмар.

Истовремено, претходно одредени медиуми шпекулираа дека Нејмар има клаузула во договорот со ПСЖ, која му овозможува да си замине од клубот по три години за 180 милиони евра, а токму идното лето Бразилецот ќе реализира три години по трансферот од Барселона.