Нова провокација од Каракачанов, спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски

3

Нова провокација од буграскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој денеска во Битола рече дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, затоа што во историјата е јасно напишано, дека Гоце Делчев е Бугарин. Дали спорот ќе се реши зависи исклучиво од политичарите во Скопје, вели Каракачанов.

Историјата е јасна по тој однос, кој чита ќе разбере. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Ама да кажеше дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин само затоа што имал бугарски пасош, поголема глупост нема. Во тоа време на никој не му требал пасош на Бугарја за да дојде да учи на училиште или универзитет. Гоце Делчев доаѓа од Кукуш во бугарското воено училиште. Не оди во Атина, Белград или Санктпетербург, оди во Софија. Со тоа напишал што е, нема за што да спориме, вели Каракачанов.

Каракачанов денеска во Битола ја промовира неговата книга за Тодор Александров, а вели дошол на покана на битолското здружение „Иван Михајлов“. Реагираа од Сојузот на Борци од Битола, кои велат дека не смее да се дозволи Каракачанов да зборува против македонските национални интереси.

Бараме да не му се овозможи да зборува тези кои не се национален интерес на нашиот народ. Секаде каде што оди проповеда дека сме бугарски Македонци, што не е вистина. Како Сокуз на борци креваме глас и сме против тоа. Да не се користи демократијата во други цели, кои се спротивни на македнските национални интереси, рече Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борци од Битола.

Додека Каракачанов даваше изјава за медиумите, беше избегнат инцидент, кога еден битолчанец се обиде да му се спротистави на неговите тези. Но, веднаш беше отстранет од обезбедувањето, иако Каракачанов се обиде да го оправда.