Нов рекорд во Украина: За еден ден регистрирани над 2.000 случаи со Ковид-19

6

Украина забележа нов дневен рекорд во бројот на заразени со коронавирусот.

Во оваа земја во последните 24 часа се регистрирани 2.134 нови случаи со Ковид-19, додека ден порано имаше 1.967 заразени, соопшти тамошното министерство за здравство.

Бројот на заразени нагло порасна во август и покрај тоа што Украина воведе рестриктивни мерки.

Вкупниот број на инфицирани со коронавирус во Украина се приближува на цифратаод 100.000, бидејќи досега се заразени 98.537 лица.