Нуредини: Заштитните зони околу објектите за јавно снабдување мора да бидат јасно правно регулирани

13

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министертвото за здравство, Рената Младеновска со која разговараше за предизвиците што и престојат на нашата држава во постапката за определување на заштитни зони околу објектите за јавно водоснабдување.

Како што соопшти МЖСПП, посебен акцент министерот Нуредини стави на потребата од донесување на подготвените двесет и две предлог Одлуки за определување на заштитни зони за водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот, како и за начинот на нивно донесување од страна на Владата на РСМ.

Младеновска изрази благодарност за поканата и подршка во постапката за  определување на заштитни зони околу објекти за јавно водоснабдување.

Нуредини и Младеновска, како што се наведува во соопштението, се согласија дека снабдувањето со исправна вода за пиење е врвен приоритет на нашата држава и дека сите граѓани на оваа држава го заслужуваат тоа право, кое е уставно загарантирано.

За таа цел и двајцата се заложија дека во наредниот период ќе се работи интезивно на донесување на сите Предлог одлуки за определување на заштитни зони околу водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот.