Обвинителството нашло виновници за пожарот во модуларната болница во Тетово

98

Обвинителството лоцирало кривична одговорност кај повеќе лица за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Од таму ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали бидејќи како што велат случајот се уште е во фаза на предистрага.

Дел од медиумите веќе објавија дека кривична пријава ќе заработат 3 физички и едно право лице но во Државното обвинителство ниту ја потврдуваат ниту демантираат оваа информација. Од таму за Сител велат само дека кривични пријави ќе има но без да прецизираат детали за колку лица успеале да обезбедат докази. Велат дека деталите ќе ги добиеме наскоро кога и официјално ќе биде пондесено обвинението.

Пожарот во модуларната болница во Тетово изби вечерта на 8 септември минатата година а по истрагите во кои беа вклучени и германски експерти се заклучи дека причина е продолжен кабел на кој бил вклучен дефибрилатор. Во страотните пламени јазици животот го загубија 12 пациенти и две лица кои биле со нив како придружба.