Одличниот ЛеБрон донесе нова победа за Лејкерси

4

Лос Анџелес Лејкерс изминатата ноќ гостуваа во Атланта и ги совладаа Хокси со резултат 96:101

Иако Лејкерси во големиот дел од натпреварот имаа предност, Хокси пружаа прилично голем отпор. Кога се се чинеше дека Лејкерси на половината од трета четвтина ќе го прекршат натпреварот со нивната прва двоцифрена разлика од 11 поени и рутински да го доведат мечот до крај, Хокси успеаа колку-толку да се вратат. Сепак, Лејкерси ја сочуваа предноста до крај и ја прославија 14-та победа на гостински терен, 24-та во сезоната. Франшизата од градот на ангелите и понатаму се први на Западот со учинок од 24 победи и три порази.

Победничката екипа до победа ја однесе одличниот ЛеБрон Џејмс кој запиша дабл-дабл ефект со 32 поени и 13 скокови. Повторно одличен беше и Ентони Дејвис кој запиша 27 поени и 13 скока.

Кај Хокси се издвои Тре Јанг кој постигна 30 поени.

Сакраменто Кингс понесени на плеќите на Богдан Богдановиќ ги победија Голден Стејт Вориорс со резултат 79:100. Богдановиќ со шут од игра 9/11, 4/5 за три поени постигна 25 поени на кои додаде пет скока и пет асистенции.

Денвер Нагетс прокоцкаа 20 поени предност во последната четвртина, по што им дозволија на Никси да ја превземат предноста во последната четвртина. Сепак, на крај се провлекоа, па впишаа нова победа од 111:105. Одличен беше Никола јокиќ со 25 поени, 10 скока и пет асистенции.

Бруклин предвовени од Спенсер Динвиди кој постигна 24 поени ја прекинаа серијата на Филаделфија од пет победи по ред.

Резултати од синоќешните натпревари:

Њу Орлеанс Пеликанс – Орландо Меџик 119:130

Индијана Пејсерс – Шарлот Хорнетс 107:85

Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 96:101

Бруклин Нетс – Филаделфија 76ерс 109:89

Денвер Нагетс – Њујорк Никс 111:105

Голден Стејт Вориорс – Сакраменто Кингс 79:100