Од денеска олабавување на мерките, четиричасовниот полициски час останува до 15 јуни

22

Од денеска граѓаните ќе можат да се движат без маски на отворено, по осум месеци се укинува мерката за задолжително носење маска на отворен простор, која што стапи на сила во октомври минатат година.

Маска и натаму ќе мора да се носи во затворени простори и во јавен превоз. Новата одлука на комисијата за заразни болести предвидува организирање прослави и свадби на летните тераси од угостителските објекти, со присуство на најмногу 100 луѓе.

Публиката ќе може да присуствува на спортските натпревари, но капацитетот ќе биде ограничен на 30%. Полицискиот час и натаму е на сила, од полноќ до четири часот наутро.