Од кабинетот на Османи за ТВ21: Посебна средба со Захариева, централна точка Акцискиот план

26

Министерот Бујар Османи директно од Париз со авион отпатувал во Софија каде во текот на денот ќе има посебна средба со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева. Од неговиот кабинет за ТВ21 велат дека централна точка на разговорот ќе биде Акцискиот план помеѓу двете држави, но сепак повеќе детали најавуваат откако министерот ќе се врати во Скопје. Ќе се разговара и за други теми.

Информацијата ја потврдија и од Владата, од каде исто така велат дека повеќе детали ќе добијат од МНР откако Османи ќе се врати од Софија.

Како што е познато двете држави во насока на решавање на проблемите изготвија Акциски план, но содржината и натаму е непозната за пошироката јавност.