Од Собранието за Зибери: Пратеникот не бил изолиран ниту тестиран, само не се чувствувал добро, затоа гласаше од посебна просторија

35

Од Собранието дадоа појаснување во врска со пратеникот Арбен Зибери, кој што гласаше вчера во посебна просторија под посебни протоколи. Иако се појави информација дека бил позитивен, сепак, од Собранието демантираат велејќи дека тој ниту бил тестиран, туку само не се чувствувал добро.

„Пратеникот не беше на седницата воопшто. Тој не се чувствувал добро, и истиот ниту е изолиран, ниту тестиран за Ковид-19, туку лично не се чувствувал добро. Од колегијален аспект го информирал претседателот на Собранието за неговата состојба. Потоа претседателот на Собранието по протокол на здравствената комисија што ни беше доставен преку препораките во случај некој да се двоуми односно да сугерира дека не се чувствува добро, Собранието да биде подготвено со посебен простор за гласање. На горниот кат постои кабината за превод определена за таа намена, и пратеникот дојде само во моментот на гласање. Од автомобил директно се качи со лиф во просторијата, и по гласањето се врати во лифтот и директно во автомобило, односно немаше контакт со никого. Лифтот после него не беше во функција се до моментот на дезинфицирање. Претседателот Џафери целосно ги почитуваше препораките од комисијата“, велат од Собранието.