Од утре до сабота температурите во пораст

10

Од  утре до сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Само во дел од котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има в сабота, а од недела ќе биде постудено.

Минималната температура в петок ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови. В сабота минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. В недела, како што велат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени Целзиусови.