Од Ферари потврдија: Разговаравме со Хамилтон, чест ни е што сака да седне во црвениот болид!

3

Од Ферари потврдија дека разговарале со Луис Хамилтон, чест им е што Британецот сака да седне во црвениот болид, но потенцираат дека прерано е уште сега да се говори за 2021.

Пред последната трка во Абу Даби, медиумите објавија дека Луис Хамилтон во два наврати се сретнал со првиот човек на Ферари, Џон Елкан. Самиот возач не ги негираше ваквите стории, и само порача дека нема ништо лошо во тоа да ги разгледа сите опции.

Генералниот извршен директор на Ферари, Луис Камилери потврди дека имало средба помеѓу Џон Елкан и Луис Хамилтон, вели дека им е што што Британецот ска да седне во црвениот болид но потенцијра дека прерано уште сега да се говори за тоа кои имиња ќе го сочинуваат двоецот во сезоната 2021.

„Веќе беше објавено дека Луис разговарал со нашиот претседател. Чест ни е тоа што некои возачи, а особено Хамилтон, сакаат да седнат во црвениот болид. Имаме долгогодишен договор со едниот возач (Шарл Леклер) а со другиот возач (Себастијан Фетел) имаме договор за 2020. Прерано е да се носат било какви одлуки уште сега. Ќе ги разгледаме опциите, и ќе видиме што е најдобро за нашиот тим“ – вели Камилери.

Луис Хамилтон има уште една година од договорот со Мерцедес кој со бонуси вреди 40 милиони фунти по сезона. „Сребрената стрела“ сака да ја продолжи соработката со актуелниот шампион и наскоро ќе му достави предлог за нов договор.