Омикрон варијантата откриена во 12 градови – вкупно 104 случаи во Македонија

2

Министерството за здравство утринава информираше дека во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата.

Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.