Освен помошта за минимална плата, помош и за придонеси за вработени во најпогодените фирми

54

Компаниите кои се најпогодени од кризата освен минимална плата од 14.500 денари, од државата ќе добијат и пари за придонеси за своите вработени за последните три месеци од годинава, дознава Алсат од владини извори. Пари за придонеси на вработените до Нова Година ќе добијат фирмите со најголем пад на прометот. Засега уште не се знаат критериумите кои фирми би можеле да ја користат оваа помош. А, министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја потврди вчерашната информација на Алсат дека погодените фирмите од корона кризата до декември ќе добиваат 14.500 денари месечно. На вчерашниот состанок во владата не е прифатено оваа помош да се исплаќа до март 2021 година.