ОСМИ ДЕН ПОТРАГА ЗА МОНИКА: По Малчанскиот бербер трагаат хеликоптери и ловци

4

Потрагата по 12-годишната Моника Каримановиќ, која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ (46), познат како Малчанскиот бербер, на пат кон училиште, продолжила утрово, информираа медиумите од Србија.

По девојчето трагаат 320 припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, хеликоптерски единици, кучиња трагачи но досега педофилот успеал секој пат замалку да им избега на своите прогонители.

Потрагата , како се наведува, денес ќе продолжи по књажевачките села, во круот околу Орешче каде последен пат е виден Јовановиќ.

Меѓутоа, со оглед на големината на подрачјето кое е потребно да се пребара, на трагачите секоја помош им е добредојдена.

-Ловечките здруженија ни пружија голема помош бидејќи одлично го познаваат теренот каде би можел да се сокрие Јовановиќ. Многу ни е важна соработката на граѓаните, ги молиме сите оние кои го виделе или имаат сознанија за него, да ни се јават. Исто така, потребно е да не информираат доколку им се обиени куќите, да им недостасува храна или други потребштини, и доколку видат дека некој престојувал во нивните викендици – наведуваат извори од службите за потрага, пренесува српски телеграф.

Потрагата која траела цела ноќ била скоцентрирана на село Глоговац, за кое се сомневале дека му послужило на Јовановиќ како засолниште , утринава од 6,30 часот е продолжена на пошироко подрачје.