Очајот на Роналдо: Би се вратил во Спортинг, ама и таму не го сакаат

0

Колку и да не сака да признае, времето на Кристијано Роналдо дефинитивно е поминато и ќе треба нешто да смени во своето однесување пред крајот на кариерата.

Десетина врвни европски клубови летово одбија да го донесат Португалецот во своите редови, пред се поради високата плата и дисбалансот што би го направил, а тој е убеден дека треба да си оди од Манчестер Јунајтед, единствениот што го сака крај себе. Сега повторно на „менито“ на Роналдо е неговиот матичен Спортинг Лисабон, ама пак има проблеми.

Португалскиот клуб не може да си дозволи да му даде плата од 350 илјади фунти неделно, Роналдо ќе мора да се согласи на драстично намалување ако сака да заигра таму, а единствената причина поради која повторно би го облекол дресот на Спортинг е тоа што игра во Лигата на шампионите.

Мора да се истакне дека ни тоа не е сигурно бидејќи тренерот Рубен Аморим, како и останатите, е против доаѓањето на Роналдо затоа што тоа ќе ја наруши хармонијата во екипата, а ќе мора да бидат продадени и неколку фудбалери за да не се оптовари буџетот.