Павков плачеше како мало дете откако испадна Црвена Звезда (ФОТО)

1

Милан Павков често беше херој на Црвена Звезда, а ќе се паметат неговите настапи и против Ливерпул и Милан, но синоќа имаше кошмарна вечер бидејќи си постигна автогол кој ја остави српската екипа без место во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).

Павков влезе во игра против Макаби Хаифа на 15 минути пред крајот, а си постигна автогол во 90. минута и така му помогна на гостинскиот тим да обезбеди место во елитата.

По последниот судиски свиреж Павков се расплака на теренот, а неговите колеги и тренерот Дејан Станковиќ му даваа утеха.