Паднаа обвиненија: Принцот Хари е виновен за катастрофата и штетата нанесени на британската монархија

17

Стручњаците за кралското семејство не престануваат да расправаат за катастрофата што им е нанесена на неговите членови, откако Меган Маркл и принцот Хари решија да го напуштат Лондон и да започнат живот далеку од сите, а сега прстот го вперија директно во главниот виновник, војводата од Сасекс.

Како што тврдат тие, причината за ова е што тој не ја подготвил добро својата идна сопруга Меган Маркл за живот во такво семејство, во кое традицијата е најважна.

– Вината е делумно заедничка на Хари и Меган, но поголем дел оди на сметка на Хари, кој не ѝ објаснил сè како што треба. Тој можеби и не е најбистрото момче, но сосема е веројатно дека и не сакал да ѝ го објасни тоа. Напорна работа е да се биде дел од кралско семејство, иако луѓето не мислат така. Животот со нив не е гламур, а можеби не ѝ се допаднало сето тоа – откри Роберт Џобсон, автор на книгата „Векот на принцот Филип“.

Сепак, тој не ја отфрла целосно можноста Меган да е еднакво виновна, бидејќи и самата можела да се распраша повеќе и да знае „во што точно влегува“. Имено, според него Меган нема оправдување за тоа дека не знаела како сето тоа функционира и како ќе изгледа, бидејќи за помош можела да ја праша и Саманта Коен, долгогодишна личност од доверба на кралицата, која ѝ е доделена токму на војвотката за да ја научи за сето она што од неа се очекува. Сосема е веројатно дека тоа конечно би ги спречило војводите од Сасекс така да постапат.

– Кога видела колку нејзината куќа е мала со оглед на она што го имаат Кејт и Вилијам, кои се број еден во семејството, веројатно ѝ засметало и помислила дека таа и Хари можат да имаат повеќе од нив, ако почнат да заработуваат на сметка на семејството. Но, тоа не беше прифатено – вели Џобсон и додава дека британскиот народ го финансира кралското семејство и со право очекува од нив да покажат почит.

Џобсон лично смета дека за сета мешаница виновен е Хари:

– Го обвинувам него бидејќи ја знаел целата приказна, но го сакал својот дел од колачето, а тоа не оди така.