Партијата на Симеон Саксобурготски објави дека се враќа во бугарската политика

10

Националното движење Симеон Втори (НДСВ), кое беше создадено откако Симеон Саксобургски стана премиер на Бугарија во 2001 година, се враќа во политиката со сите неопходни чекори, изјави за БНТ Огњан Герџиков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Герџиков, кој беше претседател на Народното собрание на Бугарија во периодот на партиското владеење на Саксобурготски, неговата земја е вакуум и затоа претставниците на нивната партија одлучија да се вратат во политичката сцена во Бугарија, Герџиков. Тој рече и дека движењето овој месец ќе одржи Национален совет, а во јануари ќе одржат и конгрес.

На конгресот во јануари ќе се одлучува кој ќе биде лидер на Националното движење Симеон Втори, како и дали да се поканат различни формации кои некогаш се одвоиле од него. Исто така, Движењето ќе се обиде да биде подготвено за учество на предвремените избори во Бугарија, изјави и Герџиков.

Огњан Герџиков беше вршител на должноста премиер на Бугарија во зимата 2017 година за време на првиот мандат на претседателот Румен Радев. Националното движење Симеон Втори беше активно вклучено во бугарската политика до 2009 година кога беше дел од тројната коалиција, а потоа продолжи во опозиција до 2013 година. Бојко Борисов, Соломон Паси, Даниел Валчев и големиот олигарх и бизнисмен Дељан Пеевски започнаа во својата политичка кариера од оваа партија.