Пелеши: Состојбата по поројните дождови без проблеми, почнува повлекувањето на водата

5

 

Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, денеска соопшти дека нема сериозни проблеми по поројните дождови на територијата на целата земја, јави АТА.

Пелеши во објава на социјалните мрежи напиша дека тоа се должи на доброто справување со ситуацијата и одличната соработка меѓу Агенцијата за цивилна заштита и општините погодени од поројните дождови.

Според него, бројот на поплавените места не е зголемен, но во некои области, особено во Скадар и Лежа, каде што состојбата беше најлоша, водата се повлекува од над илјада хектари кои беа под вода.

Исто така, нагласува дека вооружените сили ќе продолжат да бидат на терен за да им помогнат на жителите погодени од дождовите.

-Вооружените сили и понатаму остануваат на терен за да пружи помош таму каде што е потребна. Повик до општините и граѓаните да ја продолжат оваа соработка за надминување на сите проблеми кои временските услови може да ги донесе за време на викендот, каде се предвидуваат врнежи од снег, но и голомразица, пишува тој.

Информираше дека вработените во албанската електродистрибуција продолжуваат континуирано да работат на отстранување на проблемите и обновување на снабдувањето со електрична енергија во некои планински делови од земјава.

Инаку, поради надојдената вода и поплавените училишни простории, од средината на минатата недела сеуште во прекине наставата во 56 училишта.