Пендаровски: Да го задржиме интегритетот на избирачкиот процес и на 31 октомври

7

Очекувам и на 31 октомври за време на вториот круг да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес, изјави по денешното гласање македонскиот претседател Стево Пендаровски.

„Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира и по 19:00 часот, во периодот кога треба да ги пребројуваме и објавуваме резултатите од локалните избори. Меѓутоа, секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес, значи очекувам и на 31 октомври, за време на вториот круг да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес”, изјави Пендаровски.