Петмина фудбалери позитивни на Ковид-19 во Шпанија

Од Ла Лига се тројца, двајца од второто по ранг фудбалско натпреварување во земјата.

54

Првите тестирања на фудбалери во Шпанија покажаа позитивни резултати на ковид-19 кај петмина играчи, од кои тројца се од Ла Лига. Шпанските медиуми утрово ги потврдија овие информации и во следниот период се очекува бројката на позитивни случаи да порасне, кога ќе се знаат сите резултати од тестирањата.

Околу 2.000 тестови се наменети за фудбалерите, стручниот штаб и вработените во тренинг-центрите на сите 20 екипи од Ла Лига. Во текот на денешниот ден повеќето клубови треба да ги добијат резултатите. Од таборот на лигата очекуваат околу 25 до 30 позитивни случаи, поголема бројка од онаа која се потврди во Бундеслигата по првиот бран тестирања за корона-вирусот.

Лошите вести може да наштетат на планот за рестарт на сезоната во шпанскиот фудбал доколку бројката продолжи да расте.