Пике: Никогаш не сум видел полош Реал како тој во првото полувреме!

11

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике вели дека никогаш не видел полош Реал Мадрид на Бернабеу како тој синоќа во првото полувреме и жали за пропуштените шанси, смета дека сигурно ќе победеле долку искористеле некоја.

Реал Мадрид синоќа за прв пат по шест години ја доби Барселона на Сантијаго Бернабеу, со головите на Винисиус и Диаз во второто полувреме, „кралевите“ славеа на „Ел класико“ со 2-0.

Гостите има за што да жалат откако во првото полувреме беа подобар противник и креираа неколку шанси. Гризман од солидна позиција биеше над голот, а Куртоа ги одбрани обидите на Артур и Меси.

По крајот на натпреварот, Жерард Пике изјави дека не видел полош Реал на Баернабеу како тој во првото полувреме и мечот ќе имал сосема поинаков тек доколку искористеле една или две од овие прилики.

„Одигравме добро во првото полувреме, и доколку искористевме една или две од шансите кои ги креиравме, текот и исходот на натпреварот ќе беа сосема поинакви. Никогаш не сум видел полош Реал на Бернабеу како тој во првото полувреме. Но ја загубивме контролата над мечот во вториот дел, тие не притиснаа и постигнаа гол во прав момент“ – вели Пике.

„Тоа што велам дека никогаш не сум видел полош Реал не е критика, секој тим може да има проблеми, и ние во вториот дел имаме проблеми. Но доколку искористевме некоја од шансите, тие во продолжението ќе имаа планина за искачување. Вака се вратија посилни по паузата“.

„Но не се откажуваме, мислам дека имаме доволно квалитет да триумфираме во Ла Лига“.