Пике ќе ѝ заштеди 52 милиони евра на Барселона

3

Каталонските медиуми пишуваат дека легендарниот дефанзивец Жерар Пике повторно ќе ја спаси Барселона од финансиски проблеми, зашто ќе прифати помала плата и ќе ѝ заштеди дури 52 милиони евра во следните две години.

Пике беше критикуван од навивачите затоа што е еден од четирите фудбалери кои потпишаа нови договори во октомври 2020 година, односно краток период пред Жозеп Марија Бартомеу да си замине од претседателското место.

Дефанзивецот за разлика од Тер Штеген, Ленгле и Де Јонг, реши да ја намали платата за да му помогне на клубот, а наводно му понудил на Лапорта да игра бесплатно оваа сезона, иако клубот ја одбил таа идеја.

Пике треба да стави потпис на нова соработка, односно договор до 2024 година со помала плата и така да му помогне на тимот да ги регистрира Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.