Пленковиќ: Очекувам тврда кохабитација со Милановиќ

7

Тој се заблагодари на досегашниот претседател и кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар-Китаровиќ, за нејзиниот петгодишен мандат, како и на сите членови на партијата кои дадоа се од себе за да освојат нов мандат.

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, му честиташе на Зоран Милановиќ (СДП) за неговата изборна победа, нагласувајќи дека очекува тврда кохабитација во согласност со Уставот и законите.

– Имаме долга историја на односите, а оваа неодамнешна, тој (Милановиќ) ја зачини со своите изјави на начин каков јас не го направив во 2016 година и не би можел поинаку, но ќе зборуваме и за тоа, додаде Пленковиќ.

На прашањето дали резултатите од претседателските избори му се порака, претседателот на ХДЗ рече дека партијата ќе ги анализира резултатите од тие избори и причините зошто тоа се случило.