„Поетската ноќ во Велестово“ посветена на Зоран Анчевски, а интернационалната вечер на следното издание…

28

Mанифестацијата „Поетскаta ноќ во Велестово“ по 32 пат ќе се одржува во ова
познато туристичко место на падините на Галичица на источниот брег на
Охридското Езеро.

Почетокот на манифестацијата која традиционално се одбележува на средсело, оваа година е посветен на Зоран Анчевски, но и на скулптурите на Димитар Филиповски.

За творештвото на Анчевски ќе беседи Милош Линдро, додека стиховите ќе ги интерпретира Јован Цветкоски. Уметничката вечер ќе ја збогати настапот на „Скопје гитар трио“, предводено од Дарко Багески.

Манифестацијата продолжува кај локацијата позната како „на Каменон“ во Велестово со настанот „Поезија ̶ Залез“, каде свои творби ќе читаат Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.

Планираната интернационална вечер посветена на современата исландска поезија, претставена преку две исклучителни исландски поетеси Сигурбјорг Трастардотир и Кристин Омарсдотир, заради ситуацијата со коронавирусот е презакажана за следното 33 издание на манифестацијата.