Пожар во хостел во Русија, загинаа осум луѓе

0

Најмалку осум луѓе загинаа, а тројца се повредени во пожар во хостел во југоисточниот дел на Москва, јавуваат руските агенции.

Пожарот избувнал на првиот кат од шеснаесеткатницата во која се наоѓа хостелот, јавува Интерфакс, а РИА Новости пренесува дека причина за пожарот, според прелиминарните информации, е дефект на електричната опрема.

Службите за итни случаи известија дека жртвите починале најверојатно од труење со јаглерод моноксид.