ПОЗНАТАТА КОМИЧАРКА МУ ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ НА ПУТИН На доделувањето на наградите БАФТА (ВИДЕО)

29

На овогодинешното доделување на филмските награди БАФТА, церемонија одржана во лондонскиот Ројал Алберт Хол, конечно се собраа славните ѕвезди, откако минатогодишната церемонија се одржа виртуелно поради пандемијата на коронавирусот.

Водителка на овогодинешната церемонија беше австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон, која за време на церемонијата му покажа среден прст на рускиот претседател Владимир Путин.

Ребел за време на церемонијата ја коментираше руската инвазија, а публиката ѝ аплаудираше кога таа направи непристоен гест гледајќи во камерата и му се обрати на Путин.

„На овој настан има два различни преведувачи, едниот за американскиот знаковен јазик, а другиот за британскиот знаковен јазик. За среќа, на сите знаковни јазици ова значи исто за Путин“, речкла актерката и комичарка пред да го крене средниот прст кон камерата.

Мрачаниот вестерн „Моќта на кучето“ во неделата освои две од најзначајните награди на овогодинешните филмски награди БАФТА, за најдобар филм и најдобра режисерка – Џејн Кемпион, а научно-фантастичниот еп „Дина“ освои најмногу награди.