Познати се составите, Вардар без Дисингер против Мешков Брест

6

Иако отпатува со тимот во Брест, Кристијан Дисингер сепак нема да може да настапи на натпреварот поради повреда.

Тренерот Едуард Кокшаров ги поведе речиси сите ракометари на гостувањето кај Мешков Брест, во Скопје остана само Горбок, но според официјалниот список, нема да може да смета ниту на Дисингер.

За разлика од Германецот, во тимот е Криштопанс кој би требало да настапи и да го засили тимот за денешниот меч.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра денеска (сабота) со почеток од 17:30 часот.