Поранешниот полицаец прогласен виновен за убиството на Џорџ Флојд

16

Поранешниот американски полицаец Дерек Шовин е прогласен за виновен по сите точки од обвинението за убиството на Џорџ Флојд, пренесе BBC.

Шовин е прогласен виновен за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од втор степен.

Постапките на полицаецот кон Флојд и неговата смрт предизвикаа масовни протести во САД и низ светот. Интернетот беше преплавен од снимки на кои се гледа како 44-годишниот Шовин го става левото колено врз вратот на Флојд и така го држи повеќе од 9 минути.

Уште двајца полицајци му помогнале за да го задржат, додека еден ги спречува сведоците на настанот да интервенираат.

Повеќе од 20 пати Флојд изјави дека не може да дише, велат обвинителите. На видео снимката се гледа дека е без сила додека полицајците го одведуваат. Еден час подоцна е прогласен за мртов во болница.

Сè започна кога 46-годишниот Џорџ Флојд купил кутија цигари од продавница во јужен Минеаполис, вечерта на 25 мај 2020 година. Продавачот се посомневал дека Флојд му дал фалсификувана банкнота од 20 долари и ја повикал полицијата, по што Флојд одбил да ги врати цигарите. Кога пристигнале полицајците му ставиле лисици на рацете, а кога се обиделе да го стават во автомобил, тој дал отпор. Борбата завршила така што Флојд бил легнат на улица со лицето надоле, а потоа следела и полициската бруталност.

По неговата смрт, околу 15 до 26 милиони луѓе учествуваа во протестите на движењето Black Lives Matter во САД, против расизмот и полициското насилство врз Афроамериканците.