Почина Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп

11

Поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана, почина вчера на 74-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

„Нашата мајка беше неверојатна жена. Таа беше силна во бизнисот, спортист од светска класа, зрачеше со убавина и беше грижлива мајка и пријателка“, се вели во изјавата на семејството Трамп за АБЦ Њуз.

Ивана е првата сопруга на Доналд Трамп, а двајцата имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.