Почина црногорскиот митрополит Амфилохије

12

Митрополијата на Црна Гора соопшти дека Митрополитот Амфилохие починал денес во 8:20 часот.

„Во петок, на 30 октомври 2020 година, во 08:20 часот, во Клиничкиот болнички центар во Црна Гора, по приемот на Светата Тајна Причест, се упокои најпочитуваниот архиепископ на Цетиње, митрополит Црногорско-приморски и егзарх на Светиот престол, г. Амфилохије“, објавено е на страницата.