По Јахоски И Таневски И пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Поцкова е позитивна на коронавирус!

14

И пратеничката од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова е позитивна на коронавирус, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од партијата, која сè уште не попушта за работа на Собранието од далечина.

„Професорката Поцкова е позитивна на коронавирус. Таа веќе ги троши последните денови од задолжителната изолација и наскоро ќе се врати на работа во Собранието“, изјавиле ВМРО-ДПМНЕ за сакамдакажам.мк

Засега има тројца заразени пратеници. Покрај Поцкова, коронавирус имаат Исмаил Јахоски од ДУИ и Лазе Таневски од СДСМ. Анкетите на епидемиолозите за контакти на пратениците со тројцата позитивни колеги се завршени, сите кажале дека немале контакти со нив.