Приближно 43 отсто е одѕивот на локалните избори во Косово

16

Близу 43 отсто е одѕивот на гласачите на денешните локални избори во Косово.

Според најновите податоци на Централна изборна комисија (ЦИК) гласале 42, 85 проценти од граѓаните со право на глас, а најголема излезност е регистрирана во српските средини.

Претседателот на Централната изборна комисија, Кресник Радоњичи, изјави дека правото на глас го искористиле 802 123 од 1 885 448 запишани избирачи.

Тој оцени дека гласачкиот процес поминал мирно и без нерегуларности. Гласачките места во 38 општини на Косово беа затворени во 19 часот.

Заврши гласањето во Косово, на локалните избори гласаше и 109-годишна жена

На изборите учествувааt 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.

За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници се кандидираа 5 198.