Приведен маж од Арачиново кој превезувал 36 мигранти

58

Полициски службеници од Струмица вчера привеле 29-годишен маж (Б.А.) од Арачиново, откако при преглед на товарно возило кое го управувал биле пронајдени 36 мигранти.

Од нив, двајца биле од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија, информираат од полицијата.

Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.