Прогласена вонредна состојба поради корона вирусот во Македонија

7

Сериозна е вонредната ситуација поради која се соочуваме со коронавирусот во Македонија.

  • Немаме веќе ни најмала дилема, на седницата се согласивме и одлучуваме да прогласиме вонредна состојба, сега и веднаш, соопшти премиерот Оливер Спасовски.

Рече дека заканата од масовно ширење на вирусот, бара и вонредни мерки. Упати апел до Собранието, да ја прогласи вонредната состојба. Според Уставот има правна основа да се прогласи вонредна состојба и покрај тоа што Собранието е распуштено. Оваа е една од најтешките одлуки на која било влада. Потребно е да се прилагодиме на вонредната состојба, рече Спасовски, ако сакаме да си ја заштитме нацијата и да го оставиме политиканството за некое друго време.

Апелираше да се почитува оваа мерка. Имаме сериозни капацитети во институциите, додаде Спасовски, за да го заштитиме здравјето на граѓаните.

Премиерот порача до сите да ги откажат патувањата и да не му пркосат на вирусот. А секој кој ќе сака да излезе од Македонија ќе треба да потпише изјава дека нема да се врати 3 месеци.

Внредната состојба ќе значи дека Владата ќе може да носи одлуки, најмногу во економскиот дел. За мерките за ограничување , истите ќе се носат на дневна основа.