Прогноза на публицистот Ветон Сурои: Косово ќе оди на избори во наредните три месеци

57

Публицистот Ветон Сурои вели дека повеќе не се дискутира дали ќе има избори во Косово, туку кога тие ќе се одржат во наредните три месеци, јави Клан Косова.

Иако во јавноста се доби впечаток дека во случај на избори, победник ќе биде Движењето „Самоопределување“ во коалиција со друга партија, Сурои вели дека не е сигурен како ќе се одвиваат изборите, пренесува Танјуг.

Како една од причините зошто граѓаните не излегоа на гласање по конфликтот, според него, е впечатокот што го имале дека сè ќе биде исто, иако гласале.

– Ја минавме критичната фаза со ковид-19 и тоа може да произведе гласови за и против партиите. Ќе видиме што ќе донесат изборите, рече Сурои.