Проекција на ДИК врз 96 отсто од гласовите: СДСМ-45, ВМРО-44, ДУИ-16, ААА-12 мандати

9

Оттука произлегува дека актуелните коалициски партнери СДСМ и ДУИ сами би имале доволно пратенички мандати за формирање на парламентарно мнозинство од 61 пратеник.
Врз основа на 96 отсто преброени гласови, Државната изборна комисија проектира 45 мандати за СДСМ, 44 за ВМРО, 16 за ДУИ и 12 коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Притоа, според досега обработените податоци се проектираат два мандати за Левица – еден во првата и еден во третата изборна единица, а еден мандат во шестата изборна единица освојува ДПА.

Оттука произлегува дека актуелните коалициски партнери СДСМ и ДУИ сами би имале доволно пратенички мандати за формирање на парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

Практично, друга комбинација за СДСМ е невозможна, со оглед дека СДСМ и ААА заедно би имале 57 пратеници, што е недоволно за мнозинство дури и доколку кон него се приклучат трите пратеници на ДПА и Левица.

Теоретски, и ВМРО-ДПМНЕ и можел да формира мнозинство, доколку постигне договор со ДУИ и плус уште еден партнер – Левица или ДПА.

Сепак, дефинитивна распределба на мандатите ќе се направи откако ќе се обработат останатите 4 отсто од избирачките места.